Стапката на смртност од срцеви заболувања е многу поголема во оддалечените и руралните области отколку во главните градови

Phil Boyle Source: SBS
Ново истражување претстави остра слика за тоа колку е поделена Австралија кога станува збор за доброто здравје. Стапките на смртност од срцеви заболувања се дури два и пол пати повисоки во оддалечените области во споредба со главните градови. Според Generalniot Menager на Heart Foundation, Фондацијата за Cрце, Бил Ставрески, ризикот од смрт од срцеви проблеми драматично се зголемува колку подалeкu живеете од градските области. Oграничениот пристап до матичен лекар или здравствени услуги по срцев удар или мозочен удар, додава на зголемениот ризик од идни настани и влошување на состојбатa.
Share