Младата мајка Марија Макри, инспирирана од сопствениот татко, поранешниот македонски атлетичар Стефче Георгиевски, се подготвува да истрча 70 км на 27 септември како дел од СТЕПсептември, австралиски добротворен настан за подигнување на свеста за церебралната парализа и поддршка за истражувањата за оваа болест. За нејзиниот син Марк, врзан за инвалидска количка со церебрална парализа, Марија е суперхероина во реалниот живот кој му обезбедува најдобар можен живот фокусирајќи се секојдневно, не на попреченоста на неговото тело или слабостите, туку на неговите јаки страни и неговиот позитивен карактер.
Share





