“Појавата на заразната болест не натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни.На нашите верници и овде во Македонија и насекаде низ светот им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, препорачувајќи им да се молат во своите домови и срца за Бог да не избави од опасната болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата.Да се молиме за оболените да оздрават како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да ја споделиме со сите радоста на воскресението на вечниот лечител и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиски до Бога, толку и Бог ќе биде близу до нас”, рече поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, гг Стефан, во својата велигденска порака до православните верници
Share




