Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, за време на посетата на Македонија испрати една од најдиректните пораки во последните години кога станува збор за спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Неговиот став дека е потребна „практична, конкретна имплементација, а не само симболична“ не е само дипломатска формулација туку и индикатор за засилување на институционалниот пристап кон државите што доцнат со извршувањето на пресудите.
Во фокусот остануваат Бугарија и долгогодишните случаи поврзани со правата на македонското малцинство, кои се предмет на серија пресуди и одлуки од Стразбур.
Зборувајќи за случаите поврзани со Бугарија, тој истакна дека постојат 17 пресуди што сѐ уште не се целосно спроведени, но дека во последната година има ограничен напредок.
Берсе најави дека прашањето ќе остане под засилен надзор на Комитетот на министрите на Советот на Европа, со цел да се обезбеди реална примена на одлуките.
Тој нагласи дека Советот на Европа ќе продолжи со притисокот за целосно извршување на пресудите.
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:





