Во новиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа, за Бугарија, во документ од 47 страници пишува дека, додека Бугарија ги промовира правата на бугарските малцинства надвор од државата, тие напори ги нема во земјата, а политичката нестабилност прави директни негативни последици на остварување на правата на малцинствата во државата. Нотирано е и дека Македонците во Бугарија продолжиле да бараат заштита според Рамковната конвенција, а пријавиле до Советодавниот комитет дека некои постапки на властите, ги сфатиле, како активно обесхрабрување да се самоидентификуваат како етнички Македонци. Source: ABACA / Roses Nicolas/ABACA/PA