Во манастирот Света Петка во Кембла Грејнџ, Нов Јужен Велс, на 28 март 2023 година, на добротворен настан за помагање на доизградбата на манастирскиот објект, беа собрани $22,500.
Салата при манастирскиот комплекс беше исполнета до последно место со членки на разни женски секции и групи од Порт Кембла, Волонгонг, Сиднеј и други места.
Присутните ги поздрави претседателот на управниот одбор на црквата "Свети Климент Охридски" во Порт Кембла, Гоце Петковски кој се обидуваше да ги задржи солзите радосници, изразувајќи благодарност што само од вредните раце кои прават мазници, ќе се донираат 80 илјади долари за манастирот.
Манастирскиот комплекс, кој има и конаци (17 соби), се наоѓа на земјиште што се простира на 60 илјади метри квадратни и е најголемиот македонски црковен објект што се гради после втората светска војна.
Вредноста на манастирскиот комплекс и земјиштето, според нашиот соговорник, Гоце Петковски, се проценува на над 50 милиони долари.





