Малите белегзии наречени "Мартинки", што се плетат од бел и црвен конец како дел од македонската културна традиција поврзана со 1 март и почетокот на пролета, во 2017 година беа вброени на листата недвижно, културно наследство на УНЕСКО. За овој импресивен успех, заслужна е македонската невладина организација "ХАЕМУС", којашто беше еден од четирите носители на групната апликација, заедно со нивните партнери од Молдавија, Романија и Бугарија. За значењето на ова живо, културно наследство, што датира на балканските простори уште од антиката, зборуваме со основачката и директорката на "ХАЕМУС", археологот и историчарката на уметност, Василка Димитровска.