Како ѝ успеа на Маја, од овогодишните цели што си ги поставила минатата година, да исполни 80%?
Во разговор со СБС на македонски таа објаснува за дел од чекорите што ги преземала во текот на оваа година за да ги исполни целите од листата. Меѓу другото, како најважно, го издвојува запишувањето на истите на хартија. „Ако имате цели што сакате да ги постигнете и не ги напишете, тогаш тоа се само желби. Но, ставете ги на хартија и стануваат акциски планови“ вели Маја.
Дел од советите коишто Маја ги сподели се:
- Поделете го вашиот план во распоред што ќе ви биде лесно да го следите
- Направете дополнителна листа во којашто ќе вклучите активности што ќе ви помогнат во исполнувањето на целите. Маја ве советува: станувајте рано, вежбајте, медитирајте, визуелизирајте ги своите цели, шетајте во природа, читајте книги и стручна литература, пишувајте дневник...
Промената на навиките, какошто објаснува Маја, е првиот чекор да ја промените состојбата на умот, што пак ќе доведе постојано и упорно да ги исполнувате вашите цели.
„Направете се вие центар на вашиот живот“



