Виктор Орбан потврди дека Унгарија го примила барањето за азил од Никола Груевски

Source: AAP Image/EPA/ALEKSANDAR KOVACEVSKI
Притоа се наведува дека македонската влада е партнер на Унгарија во меѓудржавните односи и затоа во никој случај Унгарија не сака да интервенира во внатрешни работи на суверени земји. Од кабинетот на Орбан наведуваат дека согласно законите нема да даваат информации за постапката за азил за Груевски пред завршувањето на постапка. Унгарските опозициски партии ја повикаа унгарската влада да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот македонски премиер Груевски што бара азил во Унгарија.
Share


