Секој чекор ќе ми биде лесен знаејќи дека тоа е за хумана цел

Marija Macri

Marija Macri with her son Marc and her father Stevce Source: Marija Macri

Да се изодат 10, 000 чекори на ден е голем предизвик. Да се истрчат ни помалку ни повеќе туку 70 километри во еден ден е "пеколно" тешко и достојно за почит. Но Марија Макри, мајка на три деца од Сиднеј е решена и подготвена да го направи тоа во рамките на хуманитарната акција STEPtember за подршка на болните од церебрална парализа, болест од која боледува и нејзиниот син Марк.


Марија Макри, мајка со ведар дух, бескрајна упорност и надеж но и спортска "тврдоглавост" на 27 септември ќе се обиде да истрча 70 километри.
Овој подвиг Марија го прави во рамките на добротворната акција STEPtember.
"Планирам да истрчам 70 км и со тоа на некој начин да помогнам да се соберат финасиски средства во оваа акција кои ќе послужат за подршка на понатамошните истражувања и подигање на свеста за церебралната парализа од која боледува и мојот син Марк". - вели Марија и доадава: "Cекој чекор ќе ми биде лесен знаејќи дека тоа е за хумана цел, знаејќи дека со секој собран долар ќе се обезбедат опрема, терапија и услуги за децата и возрасните кои живеат со церебрална парализа".
Marc Makri
Marc (in the middle) with his brothers Source: Marija Macri
Марија за својот син Марк вели дека сака многу танцување иако е врзан за инвалидскаа количка и се обидува во секојдневниот живот да не се фокусира на неговите слабости туку на неговиот позитивен карактер и позитивни страни.
Инспирацијата да истрчам 70 км потекнува од мојот татко Стевче Георгиевски, еден од најпознатите македонски атлетичари, вели Марија
"Татко ми, поранешен атлетичар е моја инспирација. Тој на 33 години ја истрча оваа должина овде во Австралија а сега и јас на иста годишна возраст сакам да го повторам неговиот успех".
Повозрасните љубители на спортот во Македонија но и во Австралија се уште се сеќаваат на Стевче Георгиевски и неговите успеси на атлетските патеки. Неприкосновен атлетичар на средни и долги патеки не само во Македонија туку и во Европа. Македонските рекорди на 1.500 метри, 5.000 метри и крос патеките се уште се во негова сопственост.
Stevce Georgievski
Stevce Georgievski on the athletics track Source: Stevce Georgievski
За каков талент и атлетичар станува збор кажува и податокот што своевремено го објави и дневниот весник "Нова Македонија" дека како јуниор на 1500 метри имал дури 2 секунди подобро време од легендата на светската атлетика Себастијан Коу.

Стевче Георгиевски за намерата на својата ќерка да истрча 70 км вели:

"Марија вредно тренира и се подготвува, секогаш сум покрај неа со совети и познавајќи ја за каков "борец" се работи сигурен сум дека ќе успее".

Подготвувајќи се за овој подвиг, Марија најпрвин истрча 50 км а на 5 септември ја истрча и должината од 60 км кога и со видео порака им се заблогодари на сите за огромната подршка што ја добива.

Share
Follow SBS Macedonian

Download our apps
SBS Audio
SBS On Demand

Listen to our podcasts
Independent news and stories connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians.
Ease into the English language and Australian culture. We make learning English convenient, fun and practical.
Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS
Macedonian News

Macedonian News

Watch it onDemand