Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Дончевски: Очекувам квалитет и многу возбудувања на Светското првенство во Катар

Andon Doncevski and Vase Kocev.jpg

Поранешниот тренер и селектор Андон Дончевски гостин во студиото на СБС радио Source: SBS

Фаворитите за титулата ги гледам во имињата на земјите досегашни прваци но можни се и изненадувања. Австралија е во група со тешки противнци и ќе има тешка задача да ја мине групната фаза. Со Андон Дончевски - првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација разговараме и за Светското првенство во 1994 година одржано во САД, каде на конгресот во Чикаго, Македонската фудбалска федерација беше примена во ФИФА.


ГЛЕДАЈТЕ го секој натпревар од ФИФА Светското првенство 2022 ВО ЖИВО и БЕСПЛАТНО на SBS и SBS On Demand.

Направете ваш профил на SBS On Demand

 за да ги гледате сите 64 натпревари од Светското првенство во фудбал 2022 во живо и бесплатно во секое време на вашиот омилен уред.

Зад името на живата легенда на македонскиот фудбал, Андон Дончевски, се врзуваат едни од најголемите моменти во историјата на фудбалот во Македонија.

Најдобар стрелец во историјата на Вардар и шампион во поранешна Југославија со истоимениот клуб, тренер на повеќе клубови и прв селектор на фудбалската репрезентација по осамостојувањето на Македонија. Дел од настаните со кои се трасираше патот на "младата" фудбалска репрезентација на Македонија.

Добар познавач на фудбалската игра и уште подобар соговорник, едноставно кажано "жива енциклопедија".

Andon Doncevski.JPG
Андон Дончевки со наградата за животно дело од 2016 година за развој на спортот и фудбалот во Македонија. Credit: Archive: Andon Doncevski

Популарниот Чичко Дончо е современик и жив сведок на сите Светски првенства одржани по завршувањето на Втората светска војна. Од четвртото Светско првенство во 1950 година па се до последното во 2018 одржано во Русија.

Иако веќе се ближи кон својата девета деценија од животот во разговорот за СБС радио вели дека со нетрпение го чека почетокот на Светското првенство во Катар.

Зад мене се многу Светски првенства кои секогаш со големо внимание ги следев. Гледав многу натпревари, голови, во мојата глава се вртат многу имиња на фудбалери. Така ќе биде и овој пат, ќе бидам покрај ТВ вклучен на каналот СБС спорт за да гледам дел од натпреварите
Андон Дончевски, поранешен тренер и прв селектор на македонската репрезентација.

Од претстојното Светско првенство, поранешниот тренер на Престон Mакедонија очекува квалитетни натпревари, воубудувања и по некое изненадување како составен дел од фудбалот.

Секако очекувам и изненадувања, тие се дел од спортот и понекогаш добри за фудбалската игра, но, сепак очекувам името на новиот светски шампион да биде од оние земји со богата фудбалска традиција и историја и кои веќе биле светски прваци
Андон Дончевски, поранешен тренер и прв селектор на македонската репрезентација.

Што се однесува до фудбалската репрезентација на Австралија, очекувањата на Чичко Дончо не се баш оптимистички.

Сокерус се најдоа во тешка и незгодна група. Со оглед на моменталниот состав на репрезентацијата и имињата на противниците, Франција, Данска и Тунис но и климатските услови, Австралија ќе има пред себе тежок пат и прашање е дали ќе ја помине групната фаза
Андон Дончевски, поранешен тренер и прв селектор на македонската репрезентација.
Socceroos
The Australian national soccer team, the Socceroos, pose for a photo before the start of a friendly soccer international against New Zealand in Brisbane Source: AP / Dan Peled/AP/AAP Image

По осамостојувањето на Македонија, како селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски е дел од делегацијата на Македонската фудбалска федерација присутна на конгресот на ФИФА во Чикаго одржан за време на Светското првенство во 1994 година.

На конгресот во Чикаго, Македонија по осамостојувањето е примена за редовна членка на светската фудбалска федерација ФИФА.

Тоа беше историски настан за Македонија бидејќи по приемот во УЕФА, процесот се заокружи со приемот во ФИФА. Тоа ни отвори можност за официјални натпревари и квалификации на репрезентацијата за наредните Европски и Светски првенства
Андон Дончевски, поранешен тренер и прв селектор на македонската репрезентација.

Андон Дончевски имал можност да го гледа живо и финалниот натпревар на ова Светско првенство меѓу Бразил и Италија.

Титулата ја освои Бразил.

SOCCER-WORLD CUP-1994-BRAZIL-ROMARIO-TROPHY
Brazilian forward Romario kisses the FIFA World Cup trophy, flanked by Ronaldao (L) and captain Dunga, after Brazil defeated Italy 3-2 in the shoot-out session (0-0 after extra time) at the end of the World Cup final, 17 July 1994 at the Rose Bowl in Pasadena. Source: AFP / DANIEL GARCIA/AFP via Getty Images

Во аудио разговорот од Андон Дончевски можете да слушнете и што се беше најинтересно на 15-то Светско првенство во САД во 1994 година.

Во продолжение и некои интересни факти поврзани со СП во САД 1994 година.

Домаќин: САД

Датум на одржување: 17 јуни - 17 јули

Земји учеснички: 24 од 5 конфедерации

Стадиони: 9 во 9 градови

Одиграни натпревари: 52

Постигнати голови: 141 или 2.71 по натпревар

Гледачи на стадионите: 3.597.042 или 69.174 по натпревар

Шампион: Бразил- четврта титула

Второ место: Италија

Трето место: Шведска

Четврто место: Бугарија

Најдобар играч: Ромарио - Бразил

Најдобри стрелци: Христо Стоичков ( Бугарија) и Олег Саленко (Русија) по 6 постигнати голови

ФИФА спроведе и три крупни нови правила:

- 3 бода за победа во групната фаза наместо 2 бода.

- олеснување на правилото за офсајд.

- забрана за играње со рака на голманот по додавање натопката од соиграч.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now