" Фудбалот е еден од најдобрите начини на комуникација.Тој е непристрасен, аполитичен и универзален. Фудбалот ги обединува луѓето во светот секој ден. Млад или стар, играч или гледач, богат или сиромашен - играта сите ги прави ЕДНАКВИ " - изјави своевремено славниот германски фудбалер Франц Бекенбауер.
Јане Велковски е 10 годишно дете од Скопје, оди на училиште, се дружи и игра со своите другарчиња. Најмногу од се сака да игра фудбал.
Би рекле ништо невообичаено како и секое дете на таа годишна возраст.
Но, ако се знае дека Јане боледува од спинална мускулна атрофија - приказната добива поинаков тек.
Фудбалот најважната споредна работа на светот му носи на Јане многу радосни моменти во неговиот детски живот. Иако врзан за инвалидска количка тој го користи секој слободен момент да игра фудбал со своите другарчиња. Прв е на фудбалското игралиште, голман и капитен на својата екипа.

"Фудбалот е се во мојот живот. Кога играм фудбал јас заборавам на се. Помислувам дури и дека не сум болен'' - вели Јане.
На квалификацискиот натпревар за пласман на светското првенство што Македонија го играше против Шпанија во Скопје во Јуни минатата година тој на стадионот излезе во придружба со Македонскиот капитен Горан Пандев.
Тогаш јавноста дозна повеќе за Јане и неговата страст и желба за играње фудбал и покрај пречките во неговиот телесен развој. Веднаш стана миленик на целокупната јавност во Македонија.

Страста кон фудбалот и желбата на дело да ги види фудбалските звезди и барем на момент да заборави на својата болест Јане минатиот Август го посетува фудбалскиот стадион во Скопје каде што се играше УЕФА Супер купот.
Судбината сакаше да се слика покрај постерот на својот миленик Кристијано Роналдо како се радува после постигнат гол. Неговиот дедо бил во улога на " фоторепортер ".
"Со мојот дедо влеговме во просторијата каде што имаше многу постери од фудбалери и екипи. Се сликав со сите. Кога го видов Роналдо на постер како се радува после постигнат гол си реков дека можам да го имитирам. Го замолив мојот дедо да ме слика и јас го имитирав Роналдо како се радува "- објаснува Јане

Фотографијата стана вистински хит на социјалните мрежи и локалните медиуми објаснува мајката на Јане, Деница Велковска и додава "Од УЕФА ни си јавија и не замолија да ја објават на нивната официјална страна а подоцна го вклучија и во кампањата EQUALGAME".
УЕФА во рамките на програмата сними и кратко промотивно видео за малиот Јане.
Како дел од кампањата EQUALGAME на Јане полека му се исполнуваат желбите и да оствари средби со дел од фудбалските звезди вклучени во програмата на УЕФА.
Наскоро на големо изненадување Јане добива потпишан дрес од фудбалерот на Манчеcтер Јунајтед и француски репрезентативец Пол Погба.
И Јане не останува должен му се заблагодарува преку видео порака.
Се роди ново пријателство. Пол Погба уште еднаш ја покажува својата великодушност. Преку видео порака му порачува да се бори против болеста и го поканува да гледа еден од натпреварите на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите.
Заедно со своите родители и помалиот брат Огнен, Јане патува за Манчестер и во живо на Олд Трафорд го гледа реваш осминафиналниот натпревар од ЛШ меѓу Манчетсер Јунајтед и Севилја.
Тоа беше прилика покрај Погба да се сретне и со останатите фудбалери на славниот клуб.
За средбата со Погба Јане вели: " Кога го видов од возбуда се збунив останав без зборови. Зборуваме за фудбалот, го тешев после поразот но и му кажав дека тренерот Мурињо погреши со тактиката. Погба е добар и пред се хуман човек ".

Малиот македонски херој во Мај годинава беше дел и од финалниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Олимпик Маресј и Атлетико Мадрид. Како дел од кампањата EQUALGAME се сртена со амбасадорот на финалето француската легенда Ерик Абидал но и со португалската легенда Луис Фиго со кого уште од минатата година разменуваат пораки. Исто така имаше средби и со легендите на женскиот фудбал Ада Хегеберг и Шанис ван де Санден.

Јане кој покажува неверојатна зрелост за некој толку млад заедно со своите родители Деница и Ѓорѓи но и со помош на медиумите и целокупната јавност во Македонија започнаа спонтана кампања за помош на лицата со ретки болести. Речиси и да немаше спортски настан или хуманитарна акција на кој не учествуваше Јане. На нивна радост но и на останите осум дечиња кои боледуваат од спинална мускулна атрофиија во Македонија е одобрен нивниот толку потребен лек "Спинарза".

Јане вели дека со нетрпение го очекува светското првенство во фудбал и ке ги гледа сите натпревари но има и една желба:
"Сакам еден ден да проодам и да заиграм вистински фудбал".
До тој ден кој целокупната спортка јавност во светот се надева дека ќе дојде бргу, фудбалот игра позитивна улога во неговиот живот и му помага да се справува со проблемите и барем на момент да заборави на болеста.
"Кога јас гледам и играм фудбал тоа мене ми буди чувствва и ме прави среќен. Јас не можам да одам поради болеста, но сите на светот можат да играт фздбал без разлика какви се, како играат фудбал. Важно треба да бидат еднакви и да се почитуват"- вели Јане




