Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Илинденски фестивал во Мелбурн - Чувар на македонскиот фолклор

Nikola karev slika web.jpg
Ilinden Festival 2022 - Melbourne, KUD "Nikola Karev" Source: SBS

Традицијата на негување и зачувување на македонското културно наследство во рамките на македонската заедница и успешно претставување пред австралиското општество продолжува. Тоа на најдобар начин го потврди одржувањето на традиционалниот Илинденски фестивал - 2022 во Мелбурн.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Традицијата на негување и зачувување на македонското културно наследство во рамките на македонската заедница и успешно претставување пред австралиското општество продолжува. Тоа на најдобар начин го потврди одржувањето на традиционалниот Илинденски фестивал - 2022 во Мелбурн.


Во организација на Федерацијата на македонските културно уметнички друштва на Викторија (ФОМКУД) на 13 август во Мелбурн се одржа традиционалниот Илинденски фестивал.

Одржувањето на фестивалот се совпадна и со одбележувањето на 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ.

На фестивалот кој по две години пауза поради пандемијата со коронавирусот се одржа по 36 - ти пат, настапија сите осум културно-уметнички друштва од Мелбурн.

igraorki web.jpg
Source: SBS

Секако најсреќни беа младите играорци бидејќи можеа повторно на дело да покажат дел од својот репертоар но и што можат во нормални услови да ги вежбаат своите кореографии по укинувањето на строгите рестриктивни мерки кои беа воведени порано.

Александар Николовски, кореограф во КУД "Танец" вели дека со нетрпение го очекувале фестивалот и додаде:

"Покрај тоа што можевме да покажеме што сме научиле нешто ново, ова беше убава можност и за дружење меѓу младите играорци нешто што ни недостасуваше во последните две години".

Aleksandar Nikolovski KUD Tanec web.jpg
Aleksandar Nikolovski KUD "Tanec" Source: SBS

Тео Цветковски од КУД "Никола Карев" само ја потврдува радоста од одржувањето на фестивалот додавајќи:

"Фестивалот мина добро на организациски план и сите сме среќни што по две години повторно сме заедно".

Васко Николовски од КУД "Гоце Делчев" вели:

"Поради пандемијата како друштво минавме низ тежок период и не беше лесно но играорците дадоа се од себе и тоа се виде од нивниот настап на фестивалот".

Машката група на КУД "Јане Сандански" се претстави со две ора Пајдушко и Марица а играорецот Стивен Николовски истакнува:

"Конечно сме среќни и задоволни. Настапивме на фестивалот но и редовно вежбаме на нови кореографии во нормални услови по укинувањето на рестрикциите поради пандмеијата која многу не погоди".

А, кај младите "чувари" на македонскиот фолклор во Австралија паузата од настапите како воопшто да не оставила трага. Успешно се претставија со своите ора подготвени од кореографите но и потврдија дека се вистински промотори на македонските културно-уметнички традиции не само меѓу македонската заедница туку и пред австралиското општество.

KUD NKOLA KAREV.JPG
KUD "Nikola Karev" at Ilinden Festival 2022 - Melbourne Source: SBS

На долгогодишниот културно-уметнички работник и претседател на ФОМКУД, Коста Колевски, му беше врачена награда за животно дело за неговите заслуги во организирањето и водењето на ФОМКУД и успешното претставување на македонскиот фолклор во Австралија.

Kosta Kolevski web.jpg
Ico najdovski (L) and Kosta Kolevski (R) at Ilinden festival 2022 Melbourne Source: SBS

Присутните ираорци и гости ги поздрави и новиот претседател на ФОМКУД, Џорџ Ламбески а беше прочитана и "Илинденска резолуција - Мелбурн 2022".

Кратки видеа од настапите на дел од учесниците на Илинденскиот фестивал - 2022 во Мелбурн.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now