Македонија и официјално доби покана да почне пристапни преговори за членство во НАТО. Но ако Макеоднија сака да стане 30-та членка на Нато Алијансата ќе мора во целост да се исполни договорот со Грција порача од Брисел Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. За Премиерот Зоран Заев тоа е историски ден за Македонија додека за опозициската ВМРО - ДПМНЕ Македонија повторно доби шамари.
Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена на името може Македонија да влезе во Алијансата.
Еве дел од неговата прес-коференција на која што порача дека Македонија ќе биде примена во НАТО под името Република Северна Македонија.
А на својот ФБ профил во врска со одлуката на Самитот на НАТО премиерот Зоеан Заев го напиша следниот статус.
А во својата првична реакција опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Македонија не доби ниту безусловна покана за нато, ниту датум за почеток на преговори со Европската унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско – истакна на вчерашната прес-конференција портпаролот на партијата Наум Стоилковски.




