За да можат да се натпреваруваат за детското внимание со другите медиуми, денес, во оваа ера на интернет, книгите за деца на македонски, треба да бидат забавни и интерактивни, вели Билјана С. Црвенковска, популарната македонска писателка за деца. Низ нејзината работа таа се обидува да ја поттикне детската фантазија, да ги инспирира децата на креативност и да го промовира литературниот македонски јазик. Освен книги за деца, Црвенковска пишува сценарија за детски ТВ и интернет-програми, како што се емисијата "Пет плус", серијата "Зоки Поки" и проектот "Биби".