Оваа година се одбележуваат 75 години од егзодусот на македонските деца за време на Граѓанската војна во Грција. По тој повод, за меѓугенерациската траума во бегалските семејства, разговараме со Марина Анчевска, мастер-тренер по невро-лингвистичко програмирање, професионален водич за личен развој,тренер по јога, мотивациски говорник и автор.
Марина Анчевска, чија мајка е дете-бегалец кое ги има преживенао траумите од одвојување од нејзините родители, со кои, преку Црвениот Крст се соединила на 9-годишна возраст, вели дека се надева, овој разговор за СБС на македонски, "ќе разбуди многу запани и оставени трауматични искуства и ќе направи едно прекрасно ослободување на емотивното наследство".
Share




