На фејсбук страницата со наслов "Интернационалки" се поставуваат прашања и се добиваат одговори и совети меѓу илјадници Македонки, за се и сешто... каде да се купат поефтини авионски билети, каде би можело да се најде работа во близина на Осло, дали има некој што патува до одредена дестинација и може да му прави друштво на лице во години кое не го зборува англискиот јазик ...
Емилија Жупановска од Волонгонг, модератор на оваа страница, која што е вид виртулен дом за повеќе од осум илјади Македонки, кои се отселиле од Македонија, вели дека голем број од членките, особено оние кои живеат во иста држава, се зближиле и надвор од виртуелното и создале трајни пријателства
Share




