Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30-тата сесија на Генералната конференција, а наредната година 21 февруари беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност.
Во светот денес се зборуваат скоро 6,000 јазици, но на околу половина од нив им се заканува исчезнување.
Јазиците се најмоќни инструменти за зачувување и развивање на духовното и материјалното наследство на еден народ.
Слушнете во подкастот од неколку ученици од Сиднеј зошто сакаат да го изучуваат македонскиот јазик.
Share



