Младиот палестински режисер, Ракан Мајаси, освен што го направи извонредниот филм Yesterday the Eye Didnt Sleep, премиерно прикажан во Кан 2026, а во официјална конкуренција и на MIFF, исто така работи на ново кинематографско дело, на кое соработуваше со Владимир Блажевски. Мајаси вели дека е вљубен во македонската музика.

The Eye Didn’t Sleep - „Вчера окото не спиеше.“ на младиот режисер, Ракан Мајаси, роден во Германија, а пораснат и школуван во Либан, Јордан и Белгија, беше прикажан на еден од најстарите и најголемите филмски фестивали во светот - Melbourne International Film Festival MIFF.
Приказната почнува со исчезнувањето на млада жена. Додека ја бара нејзиниот братучед, случајно убива член на ривалски клан. За да се спречи крвната одмазда, неговите сестри се жртвувани како „компензација“ и треба да бидат дадени во брак.
Филмот е посветен на бабата на режисерот Мајаси, која била принудена да се омажи на 14 години, а е снимен во долината Бека, на границата меѓу Либан и Сирија, во бедуинска заедница, додека во позадина се одвива тековната војна.

Филмот гласно ја покренува темата за положбата на жената во патријархално општество, за принудниот брак, честa, машката одмазда и идејата дека женското тело може да биде употребено како "кусур" за израмнување на сметката.
Жената е нем објект во култура на која не и е грижа за мислењето на индивидуата, цената на што ја плаќаат оние на кои раката на судбината ги допрела со погрешната страна е превисока, а традицијата е непогрешлива догма. При тоа не страда само жената, туку цели семејства што се принудени да бидат дел од присилната миграција, за да го спасат голиот живот од крвната одмазда.

Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал 2026, во официјалната селекција Un Certain Regard, каде беше опипан како "приказна за жените кои носат премногу, мажите кои зборуваат во кодови и земјата која како да го задржува здивот".
Но, публиката во Mелбурн го задржа здивот не само од извонредната филмска нарација на Мајаси и неговите убдливи, тридемензионални ликови кои ги носат истите имиња како и актерите кои ги играат, туку и од одличната фотографија. Кинематограферот Пол Сеиф, со своето остро око и возбудливата камера, му помогна на Мајаси да раскаже една тажна, длабока и трогателна приказна на прекрaсно поетски и нежен начин.
Мајаси веќе работи на својот нов филм, на кој соработуваше и со македoнскиот филмаџија, Владимир Блажевски и вели дека ја обожува македонската музика.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:





