Козињак (Сладок леб)
Состојки:
4 до 5 јајца (во зависност од големината) изматени
1200 гр брашно (специјално бело) повеќе ако е потребно
600 мл млеко (топло)
прстофат сол
1 кафена лажичка прашок за пециво
1 мала кесичка ванилин шеќер
2 кесички инстант квасец
1 чаша масло
1 чаша шеќер
Изрендана кора од 2 лимони
Суво грозје (или сува брусница)
1 жолчка за премачкување
Начин на приготвување:
Ставете го брашното во сад со прстофат сол, прашокот за пециво и квасецот. Одделно измешајте го шеќерот, екстрактот од ванила, маслото, кората од лимон и јајцата во топлото млеко (додека да се раствори шеќерот). Смесата постепено додавајте ја во садот со брашното и зпочнете со месење на тестото прво во садот а потоа на маса. Додадете брашно ако е потребно. Тестото треба да се меси најмалку 15 минути додека не стане мазно и повеќе не се лепи на рацете и на масата. Откако вашето тесто ќе биде готово (мазно), ставете го повторно во подмачкан сад со малку масло на површината за да отстои 1 до 2 часа. Тестото за тоа време треба да стаса и да се удвои по големина.
Потоа удрете го силно тестото со тупаница за да го извадите воздухот, а потоа нежно месете . Извадете го тестото од садот и во оваа фаза можете да додадете сушено грозје вмесувајќи го нежно.
Она што го направив јас го поделив тестото во 2 сада.
Првиот дел го поделив во 3 помали чинии и започнав со изработка на три долги парчиња. Кога беа готови, ги ставив на масата и направив плетенка. Подготвената плетенка се става во подмачкана длабока тепсија премачкана со путер, Покријте ја со пластична фолија и оставете ја да стасува околу 1 час.

Source: Supplied
Вториот дел со додадено суво грозје, го поделив во 6 чинии.
Од тестото од 4 чинии направив плетенка.

Source: Supplied
Тестото во 5-тиот сад го поделив на уште помали парчиња и направив мини-плетенки и ги ставив во садови за мафини.
Од тестото во 6-та чинија го израмнив со сукало, го премачкав со џем од смокви и направив ролат.
Пред да ги ставите во рерната, премачкајте ги со жолчка од јајце.
Печете на 180 степени. Откако ќе добијат убава боја, покријте ги со алуминиумска фолија и вратете ги во рерна.Отстранете ја фолијата и печете уште 5-10 минути или додека да се добие темно златна боја и лебот не звучи шуплив кога ќе го чукнете во кората одоздола. Вкупното време на печење треба да биде околу 40 минути. Премачкајте го печениот козињак со путер и покријте го со кујнска крпа. Кога ќе го скршите или исечете козињакот на парчиња, треба да биде лесен и да се одвојува на слоеви.

Source: Supplied

Kozinjak (sweet Easter bread) prepared by Irena Cajkic. Source: Supplied



