Македонската, народна песна "Ја излези Ѓурѓo", e исклучително популарен напев, па скоро да нема музички стил, во којшто оваа мелодија не доживеала своја преработка. Освен во традиционален народен аранжман, оваа песна денес може да се чуе и во впечатливи џез, класични и поп изведби, од македонски и странски изведувачи. Кој вистински настан го инспирирал македонскиот народен гениј да ја создаде и зачува оваа извонредна песна, за "СБС на македонски" раскажува писателот и истражувач Вангелко Лозаноски.




Share




