Амбасадорот на Џејми Оливер во Австралија за здрава храна за деца е македонскиот татко Џорџ Георгиевски

One example of George Georgievski's healthy school lunch boxes Source: George Georgievski Facebook
Џорџ Георгиевски, таткото од Џелонг, кој со своите разновидни комбинации на здрав и хранлив ручек за школски деца стана позната личност во Австралија и светот, вели тој тоа го прави од љубов кон неговите ќерки. Тој беше поттикнат да ја подобри средината за исхрана на неговите и другите деца, постанувајќи поборник за здрава храна во школските кантини. Сега борбата со градските општини за регулирање на храната во училиштата доби засилување откако Џорџ неоддамна стана амбасадор за здрава исхрана на светски познатиот готвач од Англија Џејми Оливер,кој самиот е длабоко инволвиран во едукацијата на младите луѓе околу здравата храна. Џорџ Георгиевски сеуште се чуди, како пораката на еден обичен татко од македонско потекло во Џелонг, може да стигне до светот.
Share