Хан: Законот за јавното обвинителство клучен за ЕУ- интеграциите

Source: Flickr / Macedonian Government
Законот за јавното обвителство станува нов услов за датумот за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, судејќи според изјавата на евро-комесарот за проширување Јоханес Хан, кој вчера беше во посета на Македонија. По вчерашната средба со македонскиот премиер Зоран Заев, Хан изјави дека владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата со организираниот криминал и корупцијата, се причината на неговата посета на Македонија. Хан се сретна и со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Share



