Џули Бишоп за прв пат официјално се сретна со македонскиот државен врв
Australian minister for foreign affairs Julie Bishop and her Macedonian counterpart Nikola Dimitrov in Skopje Source: AAP Image EPA Georgi Lichovski
Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп во рамкие на турнејата по Балканот за време на посетата на Република Македонија беше примена и водеше разговори со премиерот Зоран Заев, со својот македонски колега Никола Димитров и како и со претседателот на македонскиот парламент Талат Цафери. Ова е прва посета на австралиски министер за надворешни работи на Македонија, од прогласувањето на независност во 1991 година.Премиерот Заев ги подвлече блиските односи помеѓу двете земји најмногу поради бројната дијаспора која Македонија ја има во Австралија.Тој исто така, пред министерката за надворешни работи го покренал и прашањето за отворање на конзулат на Австралија во Македонија, кој, како што рекол тој, би им бил од голема полза на македонските иселеници и на нивните семејства во земјата.Заев упатил и апел до министерката Бишоп, австралиската влада уште еднаш да ја разгледа можноста да ја признае Република Македонија под уставното имеОд РМ известува нашиот соработник Милчо Јованоски
Share



