Катерина Митревска, авторка на 'Пробив - причината зошто мајка ми не ме сакаше' (4 дел)

Author of 'Breakthrough, the reason mother didn't love me', Katerina Mitrevska. Source: Supplied
'Пробив - причината зошто мајка ми не ме сакаше' е прво поетско дело на Катерина Митревска и редок увид во детство кое беше жртва на менталното заболување и борбата со општеството за помош и разбирање. Ретроспективната збирка ги опишува болката и незнаењето што ја опкружуваа недијагностицираната шизофренија на нејзината мајка. Борејќи се да го одржува семејниот дом и да се грижи за својот брат, додека нејзината мајка се борела со 'гласовите во нејзината глава', Катерина илустрира како љубовта и разбирањето беа клучни, за конечно да го смени правецот на менталната нега на нејзината мајка Снежана, многу години подоцна. Патешествието на Митревска низ нејзиното тешко детство ја втурна во 'размислување и прекумерно размислување, живеење во моите мисли'… додека долгогодишното заглавување на прашањето 'зошто' и ја всади горчливата реализација дека ...'Детството ми полета'. Збирката ('Breakthrough - the reason mother didn't love me') од 68 стихови го носи плачот за помош на авторката како младо девојче, додека слепо се пробиваше низ лавиринтот на менталното заболување на нејзината мајка.
Share