Триесет дена притвор за Катица Јанева

Macedonia's chief of the Special Public Prosecution Katica Janeva (C) accompaniment with police officers has been arrested. Source: EPA
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 30 дена притвор како третоосомничена во случајот " Рекет " и веќе е сместена во затворот во Шутка. Притворот е по барање на обвинителството за организиран криминал. Судија на претходна постапка и ја изрече оваа мерка по речиси четиричасовен распит. Од Обвинителството соопштија дека Јанева е осомничена за злопотреба на службената положба и овалстување, бидејќи влијаела и издејствувала поволности на бизнисменот Орце Камчев осомничен во случајот „Имеприја“ на СЈО. Поопширно за овој настан како и за првичните реакции од Владата и политичките партии од Македонија известува Милчо Јованоски.
Share



