SKIP TO MAIN CONTENT

Во Мелбурн одбележана годишнината од смртта на револуционерот и борец за слобода на Македонија Гоце Делчев

Goce Delchev
Архимандрит Гаврил и отец Климент Станковски одржаа панихида по повод загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев Source: SBS

По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во Мелбурн се одржа комеморација и се положи венец и свежо цвеќе пред неговиот споменик. Македонците од Австралија уште еднаш порачаа дека Гоце Делчев е Македонец и таков ќе остане.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во Мелбурн се одржа комеморација и се положи венец и свежо цвеќе пред неговиот споменик. Македонците од Австралија уште еднаш порачаа дека Гоце Делчев е Македонец и таков ќе остане.


Поради пандемијата со коронавирусот и рестриктивните мерки за движење за разлика од минатите години, годинава годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев пред неговиот споменик во црквата "Св. Ѓеорѓи и Пресвета Богородица" во Мелбурн се одржа во поинакви услови и без претставници од македонските друштва и здруженија.

На комеморацијата панихида за Гоце Делчев одржаа Архимандрит Гаврил и отец Климент Станковски.

Arhimandrit Gavril
Архимандрит Гаврил и отец Климент Станковски одржаа панихида по повод загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев Source: SBS

Говор за животот и делото на Делчев одржа претседателот на македонската православна општина за Мелбурн и Вкторија Мирчо Ангеловски.

Тој во говорот осврнувајќи се и на актуелната политичка состојба меѓудругото рече дека

"Договорите со Грција и Бугарија за Македонците во Австралија се неприфатливи и бараме веднаш да се поништат бидејќи немаат соодветна реалност со македонскиот идентитет и носат уште поголеми проблеми. За Македонците во Австралија, Гоце Делчев, е само Македонец и нашето историско минато било и ќе остане македонско".

Mirco Angelovski
Мирчо Ангеловски,претседателот на македонската православна општина за Мелбурн и Вкторија Source: SBS

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а загинал во селото Баница, Егејска Македонија на 4 мај во 1903 година, по долга и измачувачка битка со турската војска. Делчев е идеолог, организатор, водач на македонското револуционерно национално ослободително движење и еден од творците на револуционерните правни акти.

Goce Delcev
Споменикот на Гоце Делчев во дворот на црквата "Св. Ѓеорѓи и Пресвета Богородица" во Мелбурн Source: SBS

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница,  до 1917 година,  кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now