“Proud” е женска песна што ги пренесува пораките што секој родител треба да му ги каже на своето дете, вели Коста Давид Петров, ко-авторот на текстот на македонската евровизиска песна за 2019 година. Одличната изведба на Тамара Тодевска на песната “Proud”, вчеравечер, на евровизиската сцена во Тел Авив, обезбеди учество на Македонија во големото финале.