Најдобар ученик по македонски јазик меѓу матурантите во Викторија кои своето образование го завршија во 2025 година е Кристијан Станојоски. Тој е добитник на престижната Premier's VCE Award за македонски јазик.
Неговата љубов и посветеност кон македонскиот јазик ги градел уште од најраните години, кога започнал да го изучува јазикот и да ја открива неговата убавина и богатство.
За Кристијан, македонскиот јазик е многу повеќе од предмет што се изучува во училиште.
Тој е љубов кон татковината, врска со местото од каде што потекнува и со корените од кои ја црпи својата припадност.
Тоа е и јазикот на кој Кристијан размислува, јазикот што го носи во себе и кој, иако растел далеку од татковината, останал длабоко вкоренет во неговиот живот и идентитет.
Premier’s VCE Awards за 2025 година, со кои се оддава признание на најуспешните ученици во Викторија беа доделени на 21 јули.
Меѓу нив беа и 17 ученици од Викториското училиште за јазици – VSL, наградени за извонредните резултати во изучувањето јазици.
Наградените ученици постигнале одлични резултати по арапски, босански, чин хаха, хинди, унгарски, индонезиски како втор јазик, италијански, јапонски како втор јазик, македонски, персиски, полски, панџаби и шпански јазик.
Овие признанија се пример за јазичната разновидност, посветеноста и талентот на учениците кои учат во рамките на VSL.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:



