На три кола до крајот во четвртата лига север на Викторија Лалор Слога Јунајтед го осигура првото место и шампионската титула за 2018 година. Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што беше доволно да направи недостижна предност од 10 бода.
Лалор Слога Јунајтед на три кола до крајот има недостижна предност пред останатите екипи. Во досегашните 19 одиграни кола има 15 победи, 3 нерешени средби и само еден пораз и вкупно 48 бодови. Вториот Даребин Јунајтед има 38 бодови.
Шампионската екипа на Лалор Слога Јунајтед со стручниот штаб.

Фудбалерите на Лалор Слога шампионската титула ја прославија со Бисер Балкански.
Новите шампиони на четвртата лига север заслуженото прво место го прославија веднаш по последниот свиреж на судијата.


Share



