Ламбе Алабакоски, еден од популарните естрадни уметници од Македонија кој во моментот се наоѓа на турнеја низ Австралија со рок дуото Некст Тајм, композиторот, маестро Никола Мицевски и виртуозот на кавал, гајда и зурла Гоце Димовски, вели дека пее од 6 годишна возраст, а дека 2024 е јубилејна година за него.
Алабакоски соработува со повеќе автори и вели дека наредните две години ќе ги посвети на реализирање на нов албум, што ќе биде поразличен од сите досега.
Share





