Македонскиот филмски фестивал "Денови на македонската кинематографија" годинава ќе се одржи во Сиднеј по четврти пат, од 20-21 октомври, во театарот Хрствил Сивик (Hursville Civic Theatre). Програмата која вклучува краткометражни и долгометражни филмови, ќе го донесе во Австралија последното од македонската филмска индустрија. Долгометражниот филм "Година на мајмунот" на Владимир Блажевски ќе биде дел од отворањето, а фестивалот ќе биде затворен со филмот на Даријан Пејовски "Три дена во септември".





Share




