"Навивачите, ми се чини, беа 10 пати посреќни од мене", вели во разговор за СБС на македонски најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која со импресивна победа вчера, ги започна квалификациите за Австралија опен, совладувајќи ја четвртата носителка Сиња Краус од Австрија во два сета.
Лина сега е на чекор поблиску до историски пласман на главниот турнир во Мелбурн.
Со неа утрово разговараме за победата, предизвиците што следат и поддршката што ја добива од македонските навивачи.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




