Најдобрата македонска тенисерка и најдобра спортистка за минатата година во РМ, Лина Ѓорческа за жал не успеа да се пласира на главниот турнир на Австралија Опен и да биде дел од тениската елита.Сепак пласманот до третото коло на еден гренд слем турнир е најголем успех досега на Лина Ѓорческа но и на македонскиот тенис воопшто.Појавата на Лина на терените во Мелбурн беше и мало освежување на македонската заедница во овој град која и даде максимална подршка од трибините.Слушнете го прошталното интервју со Лина Ѓорческа непосредно по последниот меч благодарение на нашиот колега од СБС Кристоф Малет кој забележа и дел од навивачката атмосфера
Share




