Враќање на нормалноста на животот по пожарите во 2009 на Црна Сабота

Source: Mark Dadswell/Getty Images
Локалниот автор на збирка романи и земјоделец во руралната населба на Кинглејк во Викторија, Нове Младеновски добро ја знае болката и празнината што владее и години подоцна по ужасен пожар. Неговиот семеен дом падна жртва на пожарите на Црна Сабота во 2009 година и дури седум години подоцна можеше да почувствува само дел од нормалноста што некогаш ја уживал. Нове Младеновски лесно може да се стави во положбата на оние кои изгубиле блиски, имоти и животни. Пожарите низ целава земја кај него побудија длабоко жалење за сите оние кои допрва ги чека најдолгиот пат до реизградба на својот живот.
Share



