Мики Величковски кој градскиот живот во Мелбурн го замени со живот на фарма со својот партнер Ден Смит, за СБС на македонски, зборува за тоа како семејството, по првичниот шок, не само што ја прифатило неговата сексуална ориентација, туку неговиот татко имал клучна улога во изградбата на нивниот дом.
Приказната на Трајче Коста од Сиднеј е сосема поинаква. Неговиот татко престанал да му зборува и да го контактира цели 15 години, се додека не паднал болен од рак. А, тогаш.....




