Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Македонија го празнува 11 Октомври - Денот на антифашистичкото востание

The "Liberators of Skopje" monument in the center of Skopje
Споменик „Ослободители на Скопје“ во центарот на Скопје Credit: Revizionist/Public Domain

"Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, македонскиот народ и народностите, застанаа на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности и самостојно се изборија за својата слобода" - вели историчарот Др. Александар Литовски.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


"Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, македонскиот народ и народностите, застанаа на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности и самостојно се изборија за својата слобода" - вели историчарот Др. Александар Литовски.


Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување, вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција македонскиот народ и народностите застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во добро организирана 110-илјадна армија, со воени формации од највиок ранг, како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата, од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now