На 89-годишната Даница Апостоловска во старски дом во Сиднеј и недостигаат прегратките со семејството

Beautiful Bond -Nick and his Mum Danica Apostolovska celebrating her 88th Birthday in St George Aged Care in Sydney in 2019 Source: Nick Apostolovski
Никола Апостоловски чија мајка во деветата деценија од животот се наоѓа во еден од старските домови во Сиднеј, вели дека е задоволен од грижата во центарот, но дека му е тешко кога ги слуша наодите на Кралската комисија за постапките во секторот за нега на постарите кои што открија негрижа и големи пропусти во одредени домови. Токму поради тоа, Никола кој пред мерките за заштита од Ковид-19 ја изнесувал својата мајка на кафе скоро секој ден, вели дека најтешко во оваа ситуација е што им е нарушена претходната блискост со прегратки, држења за рака и заеднички екскурзии за време на викендите.
Share