Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Македонка меѓу челичните жени за родова еднаквост во Австралија

Slobodanka new kolaz.jpg

Слободанка Јончовска (л), Лу-ен Баркер (средина) и Робин Марфи (д) сликани во студио на СБС во 2019 година. Трите жени беа дел од најголемиот и најдолгиот судски процес за родова дискриминација во историјата на Австралија.Credit: SBS Macedonian)

Македонката Слободанка Јончевска, беше една од клучните жени во најдолгиот судски процес за родова дискриминација при вработување во Австралија.


Процесот го водеа група жени против индустрискиот гигант, железарата во Порт Кембла, што доведе до историска промена во австралискиот закон за вработување и примена на еднакви можности, без разлика на родова припадност.

По повод годинешниот меѓународен ден на жената 8 Март, што светот ќе го одбележи оваа сабота, да се потсетиме дека сто и нешто години од првото одбележување на денот, се уште живееме во свет, во кој жените се обесправени и потчинети во низа теократските системи, помалку платени од своите машки колеги во развиените системи, а во некои од нив ги губат дури некогаш стекнатите репродуктивни права.

Сето тоа е причина повеќе да ја славиме секоја жена која се вградила во сите големи и мали битки за женските права.

Слушнете повеќе од разговорот со Слободанка Јончовска, Робин Марфи и Лу-ен Баркер кои во 2020 година го посетија студиото на СБС за да зборуваат за нивното искуство како дел од најголемиот и најдолгиот судски процес за родова дискриминација во Австралија.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now