Кони Боглис, страствена советничка за ментално здравје и автор е добитничка на високото државно признание "Орден на Австралија" за нејзината извонредна работа на полето на менталното здравје.
Откако нејзиниот поранешен партнер, ветеран од војната во Авганистан, Џеси Брд, по враќањето во Австралија, по долго страдање со депресија и анксиозност си го одзел животот, г-ца Боглис таа лична трагедија ја претворила во платформа за застапување на правата на вратените ветерани, со фокус на подобрување на помошта во преодниот период и признание за улогата на членовите на нивните семејства.
Г-ца Боглис е автор на книгата “ Once Upon a Feeling” која што, преку разни терапевтски алатки, кои се истовремено креативни и интерактивни, ги учи децата дека е безбедно да истражуваат како се чувствуваат.





