Австралиецот со еврејско потекло, Дејвид Хелман ги привлече вниманието на широката австралиска јавност, кога во 2017 година, со својот фасцинантен настап, ја освои титулата Mr Pole Dancing Australia. Тој е исто така добро познат и етаблиран во австралиските кругови на независен циркус, како и на кабаре-сцената во Сиднеј. Она што е помалку познато се неговите врски со Македонија, каде што е роден и живеел до две годишна возраст. И покрај тоа што во меѓувреме живеел во Израел, САД и Австралија, Дејвид го зачува зборувањето на течен македонски јазик, кој го научил од својата мајка.