На 57-годишнината од основањето на КУД Илинден од Сиднеј, во архивски разговор, поранешниот претседател на друштвото Кире Пашовски, не потсетува на почетоците, предизвиците и постигнувањата на еден од најголемите амбасадори на македонската култура и фолклор, надвор од Македонија.
Г-дин Пашовски вели дека младите сега се, едноставно, вљубени во македонскиот фолклор, што му е особено мило бидејќи и тој има дел во тоа.
Тој се сеќава на игранките што ги организирале во 70-тите години во Клубот на Полицијата во Рокдејл каде доаѓале повеќе стотици а некогаш и над 1,000 млади луѓе.
Од две игранки се собирале често и по $5,000.
"Не можеше да се диши", вели г-дин Пашовски сега во неговата 9-та деценија од животот, но со живи сеќавања од историјата на најголемото фолклорно друштво надвор од границите на Македонија.





