Македонскиот фестивал во Вилиамстаун како и секоја и годинава ќе се одржи во последната недела пред Божиќните пости.
Како што вели нашиот соговорник Борче Ројковски од Македонско-австралиското културно православно здружение, Вилиамстаун и оваа година ќе ‘ечи’ со звуците на македонските традиционални песни и ора со богата културно уметничка програма и вкусна традиционална македонска храна.
Оваа година фестивалот ќе се одржи во недела на 27 ноември во паркот Commonwealth Reserve.
Share




