Федерацијата на македонските кулурни и уметнички здруженија ( ФОМКУД) донесе одлука во последен момент да ги повлече играорците од овогодишната парада на мултикултурниот фестивал МУМБА во Мелбурн, откако организаторите забранија прикажување на знамиња кои не се официјално државни, вклучувајќи го и знамето со сонцето од Кутлеш, познато и како сонцето од Вергина.
Одлуката предизвика разочарување во македонската заедница, особено кај младите играорци и нивните семејства кои со месеци се подготвуваа за настапот.
Од ФОМКУД велат дека повлекувањето е тежок, но принципиелен чекор во одбрана на културниот идентите на македонската заедница.
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:





