Нема ништо подобро од тоа годината на професионален план да започне успешно.
А, токму така успешно и работно започна и за професионалниот дизајнер во Мерцедес, Славче Таневски.

Source: Supplied
“ Компанијата одлучи мојот модел да се изработува во Сан Диего. Бев малку изолиран, работев самостојно и имав голема одговорност. Проектот го завршив за три месеци. Тоа беше ново искуство за мене“.
Славче веќе работи на нови проекти но профисионалноста не му дозволува да ни открие повеќе и вели дека светот за тоа ќе дознае во 2023 година.
Сепак, тој ни најави дека во моментов се подготвуваат за наредната промоција предвидена за саемот на автомобили во Женева во март и најави ново изненадување.