"Енергијата што ја носиме како Македонци, богатството и спецификите на нашиот фолколор не можат да бидат научени. Тие едноставно се вткаени во нашите гени и ја градат нашата уникатна приказна врзана за доработките, за везовите, која ние ја преработуваме во нешто модерно" - вели македонскиот дизајнер Ненад Секирарски. Минатата година тој се пресели од Скопје на островот Бали, за да стане дел од тимот на светски познатите дизајнери со македонско потекло Марјан Пејовски и Сашо Бежовски, на чија листа на клиенти се имиња како Мадона, Ријана, Бјорк, Рита Ора, Мајли Сајрус, Канје Вест...