Долго очекуваниот "Македонски фестивал" во Сиднеј што се одржа на 16 ноември, привлече повеќеилјадна публика во сиднејскиот Carss Bush Park – оаза од зеленило до сина вода, обоена во црвено-жолтата боја на македонските знамиња, бројни штандови и богато извезени носии.
Иако денот беше исклучително сончев и топол, со температури до 30 степени, тоа не ги спречи посетителите да уживаат во целодневната прослава на македонската култура, песни и ора, како и традиционалната храна и пијалоци.
Фестивалот е резултат на посветената работа на "Македонскиот австралиски совет на Нов Јужен Велс", со значајна поддршка од советникот Оливер Димоски од општината St George’s River, како и од бројните доброволци кои несебично придонесоа за успешната организација.
Во следниов прилог ви носиме дел од прекрасната атмосфера полна со емоции, гордост и заедништво.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:











