Eксклузивен гости на "СБС на македонски" е човекот што ја препозна вредноста на македонските филмови, и откако во 2018 ја презеде позицијата на уметнички директор на Melbourne International Film Festival (MIFF), Ал Корсар, скоро секој година го носи пред австралиската публика, најдоброто од македонската кинематографија.
Од 6 до 23 август, Mелбурн е планетарен центар на филмот. Во текот на 18 дена, над 300 филмови, во над 600 проекции ќе бидат прикажани, на десетици локации, на еден од најстарите и најголемите фестивали за филм во светот.
Melbourne International Film Festival (MIFF) - “Меѓународениот филмски фестивал Мелбурн", бил основан како дел од прославите поврзани со Олимписките игри во 1952 година, во време кога Мелбурн се подготвувал да биде домаќин на Олимпијадата во 1956 година.
Со уметничкиот директор на фестивалот, Ал Косар, разговараме екслузивно за местото на македонската кинематографија на овој водечки австралиски филмски фестивал.

Годинава пред мелбурншката публика се прикажува извонредниот документарец "Приказната за Силјан", на најспешната македонска филмска режисерка, Тамара Котевска, номинирана за "Оскар" во две категории и добитничка на три награди на "Санденс" ("Медена Земја", ко-авторка заедно со Љубимир Стефанов).
"Приказната за Силјан" е најзначаниот момент во делот The Natural World од програма на Melbourne International Film Festival 2026 (MIFF)Ал Косар

Листа на филмови од македонски автори прикажани на фестивалот во изминатите години:
Јас сум од Титов Велес“ — Теона Стругар Митевска (2008)
„Ти заслужуваш сè“ — Горан Столевски (2016)
„Би ја погледнале ли?“ — Горан Столевски (2018)
„Медена земја“ — Љубомир Стефанов и Тамара Котевска (2019)
Господ постои, името ѝ е Петрунија“ — Теона Стругар Митевска (2019)
„Нема да бидеш сама“ — Горан Столевски (2022)
„Од едно време“ — Горан Столевски (2022)
„Диџеј Ахмет“ — Георги М. Унковски (2025)

- Лани беше прикажан „Ќука пред крајот на летото“ — Костис Харамунтанис (2025) - филм во копродукција на Грција и Македонија
Горан Столевски е една од најсветлите ѕвезди на австралиското кино. Неговиот филм Of an Age кој што го отвори МИФФ во 2022 е еден од моите најомилени австралиски филмовиАл Косар, уметнички директор на Melbourne Intrenational Film Festival (MIFF)

"Господ постои името и е Петрунија" на една од најсупешните македонски филмски режисерки, Теона Струга Митевска, беше прикажан на MIFF во 2019. Митевска досега два пати беше дел од програмата на овој фестивал.

За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:



