По повеќегодишно одложување поради пандемијата, ревијата на македонски носии конечно се реализира оваа година, претворајќи се во настан исполнет со емоции и гордост, особено што некои од носиите беа наследени од баби и дедовци и стари повеќе од 100 години, но зачувани како да биле ткаени вчера.
Настанот се одржа благодарение на КУД "Илинден" од Сиднеј кое е еден од најголемите амбасадори на народното и традиционалното творештво надвор од татковината и кое во ноември прослави 59 години од своето основање.
Слушнете дел од атмосферата со описи на елементи од носиите од страна на водителот Благојче Јосифовски, кој и самиот е долгогодишен играорец во КУД "Илинден", што се надеваме ќе ја разбуди и вашата имагинација и ќе ви го доближи сјајот на македонското традиционално наследство.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




