Посетителите на овогодишниот фестивал на храната имаа можност да пробат вкусна македонска храна но и да уживаат во богатата културно уметничка програма.
По пауза од три години поради пандемијата со Ковид-19, годинава се одржа традиционалниот Македонски фестивал на храната во организација на Македонската организација на заедницата МАСО.
Во паркот во Јаравил посетителите имаа можност да уживаат во богатата културно уметничка програма, да вкусат традиционална македонска храна но и да видат стари традиционални носии и голем избор на македонска литература.
За дел од македонските традиционални јадења се погрижи и готвачот од Македонија, Борче Стојановски.
Фестивалот на храната не можеше да помине без добро познатите кебапчиња.
Оние што го посетија фестивалот на храната имаа можност да проследат и богата културнаа уметнучка програма. За забавниот дел се погрижија повеќе вокални солисти од македонската заедница од Мелбурн. Меѓу нив беа Вера Трајковска, Лидија Јаневска, Васко Николовски, Иван Радевски и Боге Ристевски. Тука беа и неизбежните Татјана Лазаревска и Новица Велјановски а како специјална гостинка од македонија настапи и Сања Ристевска. Нив ги придружуваше инструменталниот состав Секо.

Свој настап имаа и младите и талентирани Џесика Стојчевска, Тиана Степановска и Петар Дамчевски.
Секако на вакви настани не се може и без традиционалните македонски ора. Со свои кореографии се претставија и Културно уметничките друшства "Јане сандански", "Светлост" и "Гоце Делчев". Гости беа и Виетнамска танцувачка група.
Организатор задоволен од уште еден успешен Македонски фестивал на храната со кој се претавија во Австралија и најавија дека оваа традиција со која се отсликува македонската традиционална кујна, култура, јазик и фолклор ќе продолжи и во иднина.




